Кристијано Роналдо повторно остана со празни раце во Саудиска Арабија, барем кога се работи за освојување на некој трофеј. Овојпат неговиот Ал-Наср загуби од Ал-Хилал и тоа убедливо со 4:1 во Суперкупот, кој е најава за почеток на новата сезона
Ал-Наср водеше на полувреме и тоа со голот на Роналдо, но во вториот дел се случи целосен потоп на неговиот тим. Ал-Хилал постигна дури четири гола во период помал од 20 минути и на крајот актуелниот првак убедливо славеше и освои нов трофеј.
Кога Ал-Хилал го постигна четвртиот гол, Роналдо збесна на теренот. Тој со непримерни гестикулации прво покажуваше дека неговите соиграчи „спијат на теренот“, а потоа покажа и што мисли за нивната игра, односно дека „му се оди по голема нужда“ поради нивната слаба игра.
По завршување на финналето на Суперкупот, Роналдо реши воопшто да не го прими признанието наменет за поразениот во финалето, односно сребрениот медал. Веднаш по завршување на дуелот Кристијано го напушти теренот и замина во соблекувалната.