ПСЖ остана без првата опција во нападот, ќе паузира три месеци поради повреда

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамош, ќе паузира во следните три месеци од теренот поради тешката повреда заработена на дуелот против Авр во првото коло на новото првенство во Франција.

Португалскиот репрезентативец заработи повреда на скочниот зглоб, а по направените прегледи утврдено е дека има сериозно истегнување на лигаментите на скочниот зглоб на левата нога и ќе мора да оди на операција. Рамош играше во ПСЖ како позајмен играч, а минатата сезона потпиша и договор со Светците.

По заминувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, се очекува токму Рамош да биде главна опција во нападот на францускиот првак.

- Оглас -

Најнови вести