На фудбалското дерби помеѓу ривалите Вардар и Пелистер, по првото полувреме нема голови, и поинтересно е на трибините отколку на терен.
Околку 10.000 навивачи се присутни на трибините на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, од кои околу половина се Комитите на западната трибина.
Во 38-мата минута од средбата, на источната трибина се појавија и битолските Чкембари, па сега двата тима имаат поддршка од трибините и можеби играчите на терен ќе имаат уште поголема инспирација.
Погледнете го пиротехничкото шоу на фановите на Вардар кое го одбележа првото полувреме на дербито: