Вардар го победи Пелистер со 1-0 во големото македонско фудбалско дерби, а победничкиот гол падна во 86-та минута, ситуација која потсетуваше на она што се случуваше пред 31 години на истиот стадион кога во првото финале на купот на Македонија најтрофејниот македонски клуб ги совлада битолчани со 1-0 со погодок во финишот (тогаш 86-та минута).
Двата тима долго се мачеа во нападот, а резултатот конечно беше отворен во финишот за голема радост на Комитите и сите кои ги сакаат Црвено-црните. Стрелец беше Дианеси.
За Вардар ова се први три бода сезонава и прва победа над Пелистер од ноември 2017 наваму.