Вардар минимално со 1:0 го победи Пелистер во последниот меч од второто коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Дербито на арената „Тодор Проески“ беше решено со еден потег и тоа во финишот, кога Дианеси донесе радост на околу 4.000 навивачи на Вардар.
За Вардар ова е прва победа сезонава, а воедно ова беа и првите бодови за Црвено-црните.
По завршување на мечот, вардарци направија фотографија за спомен со пораката дека ова беше магична вечер во Скопје и дека ова е победа за Клубот на народот.