Нема репрезентативна пензија за Модриќ, часови пред 39-тиот роденден ќе игра за Хрватска

Лука Модриќ се најде на списокот на хрватскиот селектор Златко Далиќ за претстојните септемвриски натпревари од Лигата на нациите и со тоа се потврди дека легендата не ја завршил репрезентативната кариера на ЕВРО 2024 како Домагој Вида и Марцело Брозовиќ.

Модриќ на деветти септември ќе го прослави 39-тиот роденден, а на осми вечерта во Осиек, Хрватска игра со Полска, па по мечот, кој ќе заврши околу 22.30 часот, Лука на полноќ ќе може да прослави со своите репрезентативни другари.

Модриќ дебито за Коцкестите го имаше во 2006 година и ако остане во националниот тим барем уште една и пол година, ќе прослави јубилеј 20 години играње за репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести