Официјално: Горан Петрески го презема тренерското кормило во Вардар!

Горан Петрески официјално е нов шеф на стручниот штаб на ФК Вардар и е избран за наследник на Горазд Михајлов, кој си поднесе оставка.

„Тој ќе ги предводи Црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека со своето знаење, богатото фудбалско искуство, како и со високиот степен на професионализам на најдобар можен начин ќе успее да ги пренесе на екипата. Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар“, соопштија од клубот.

Дебито како тренер на најтрофејниот македонски клуб, популарниот Чунга ќе го има в недела, против Шкупи.

Инаку, медиуми од Македонија на албански јазик објавуваат дека фудбалскиот клуб Шкупи одлучил да се раздели со тренерот Ернест Ѓока, иако поминаа само две кола од новата сезона, па и Шкупи на дербито ќе биде со нов тренер како и Вардар.

Чаирскиот тим има само еден бод по воведните две кола, примија пет гола на двете средби, и тоа биле причини за управата да реши да му даде отказ на Ѓока.

Неофицијално, новиот тренер на Шкупи ќе биде од Турција.

- Оглас -

Најнови вести