Тјери Анри веќе не е селектор на младинската репрезентација на Франција

Поранешниот славен напаѓач Тјери Анри ја напушти функцијата селектор на француската младинска репрезентација за играчи до 21 година и онаа олимписката. Анри оваа одлука ја донел од лични причини.

Под негово водство, олимписката репрезентацијата освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз летово. Tоа беше прв медал за Франција на ЛОИ по цели 40 години.

„Овој медал ќе остане едно од главните достигнувања во мојот живот, ми донесе најголема гордост. Благодарен сум ѝ на Федерацијата, на играчите и на навивачите за ова магично искуство“, изјави Анри ,кој имаше договор до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести