Кога Реал Мадрид нема да победи, тогаш клупската телевизија ги обвинува судиите

Реал Мадрид не успеа да победи на стартот на новата сезона во Ла Лига играјќи 1-1 на гостувањето кај Мајорка.


Изгледа дека и во новата сезона, клупската телевизија на Реал Мадрид, посебно кога резултатот не е во корист на тимот, ќе продолжи да биде остар критичар на судењето.


Практика на телевизијата на Кралскиот клуб е постојано да истакнува моменти од натпреварите на тимот за кои тврди дека играчите на Карло Анчелоти биле оштетени.
Поради активностите на Real Madrid TV, клубот доби предупредување и од Ла Лига, но нападите врз судиите не престануваат.

Сега од каналот посочија осум случаи од минатиот натпревар против Мајорка (1-1), во кои Реал бил оштетен. Се потенцира дека „виновни“ се главниот судија Сото Градо и одговорниот за ВАР, Иглесијас Вилануева.

Еве што посочија од телевизијата како грешки:

(5-та минута) Саму Кошта го фаулира Винисиус Жуниор, што е за жолт картон, но Сото Градо дури не досуди ни прекршок.

(6-та минута) Прекршок на Мафео врз Мбапе кој требаше да биде досуден како пенал. Судиите, сепак, молчеа.

(10-та минута) Вини Жуниор ги повикува навивачите на поддршка, но беше предупреден од главниот судија.

(24-та минута) Винисиус повторно е фаулиран, но тоа не е досудено.

(43-та минута) Мафео го нагази Винисиус, но доби само жолт картон. ВАР-судијата не сигнализираше на главниот да ја прегледа ситуацијата за можен црвен картон.

(71-ва минута) При статично изведување, Милитао беше задржан, со што му беше спречено да шутира кон голот. Не беше досуден прекршок, а дури немаше ни повторување на ударот.

(80-та минута) Прекршок на Саму Кошта врз Валверде, кој не беше досуден.

(90+1. минута) Игра со рака на Мафео во шеснаесетникот, кој можеше да биде означен како пенал.

- Оглас -

Најнови вести