Пред еден месец плачеше дека дојде, а сега дека сака да си оди од Реал Мадрид

Пред еден месец, Ендрик плачеше од емоции и среќа што стана фудбалер на Реал Мадрид, но сега веќе бара начин да го напушти Кралскиот клуб иако сезоната практично само што започна. Причината не е тешко да се погоди.

Во првите два натпревари од сезоната, Ендрик не доби ниту една минута на теренот. Тренерот Карло Анчелоти го држеше на клупата во Суперкупот против Аталанта, а потоа и против Мајорка на стартот на новата сезона во Ла Лига.

Шпанскиот весник „АС“ објави дека бразилскиот напаѓач веќе размислува за заминување и ќе чека до декември за да донесе конечна одлука дали ќе ја продолжи кариерата некаде на друго место.

На Ендрик му смета што уште не добил ниту минута за игра и ако неговиот статус не се промени во следните месеци, ќе ја промени средината.

Карло Анчелоти по натпреварот со Мајорка, рече дека сезоната е долга и дека ротацијата ќе започне кога ќе почне натпреварувањето во Лигата на шампионите, каде што Реал ја брани титулата.

Лука Модриќ, кој од оваа сезона е прв капитен на Реал Мадрид, имал разговор со Ендрик во соблекувалната во Мајорка и му дал некакви животни совети.

„Ќе мораш да бидеш трпелив и да тренираш напорно. Ти имаш само 18 години и твоето време ќе дојде“, наводно му рекол Модриќ на поранешниот член на Палмеирас по натпреварот со Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести