Џејми Варди и на 37 години продолжи да ги тресе мрежите на противниците во Премиер лигата, синоќа му даде гол на Тотенхем во ремито на Лестер со лондонските Петли, па навивачите на противникот го навредуваа и го провоцираа, ама се закачија со погрешен човек.
Варди на навредите одговори со провокација која стана хит и им се допаѓа на сите освен на навивачите на Тотенхем.
Тој им го покажуваше логото на Премиер лигата и со прст покажуваше еден, а потоа показалецот го насочи кон нив и им покажа нула. Асоцијацијата е јасна, јас имам една титула во Премиер лигата, вие немате ниту една.