Манчестер сити му дал рок на Гвардиола до Божиќ да каже какви му се плановите

Раководството на Манчестер сити сака брзо да ги дознае плановите на тренерот Пеп Гвардиола, објавија британски медиуми.

Договорот на шпанскиот стручњак со Сити истекува во летото 2025 година, а тој веќе навести дека ова може да му биде последна сезона во клубот.

Според изворот, Манчестер сити би сакал да ја продолжи соработката со Гвардиола, но би сакале да ја знаат неговата одлука најдоцна до Божиќ за евентуално да почнат да бараат нов тренер ако Пеп им каже дека си оди.

- Оглас -

Најнови вести