„Излезната клаузула“ на Столе Димитриевски истече, дефинитивно останува во Валенсија

Најпознатиот шпански спортски весник, „Марка“ објави дека „излезната клузула“ која ја има Столе Димитриевски во договорот со Валенсија веќе истекла и Македонецот дефинитивно останува кај Лилјаците, дури и ако во клубот остане и Гиорги Мамардашвили, кој ќе биде прв голман.

Столе и Валенсија имаа клаузула според која нашиот голман може да си оди ако добие понуда од 3 милиони евра ова лето.

Македонскиот голман во претсезоната беше одличен и тренерот Рубен Бараха му верува, па го сака како опција за стартер во секое време доколку е потребно. Засега тој му е резерва на Мамардашвили, кој е пред договор со Ливерпул, но Грузиецот ќе остане на „Месталја“ уште една сезона како позајмен. За Димитриевски седењето на клупа за резерви е нова ситуација, откако практично цела кариера беше стартер.

- Оглас -

Најнови вести