Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј објави дека продал најмногу сезонски билети во својата историја. Клубот им се заблагодари на навивачите за извонредната поддршка.
Единствениот француски клуб кој бил европски првак се пофали дека продал дури 49.000 сезонски билети и тоа е најава за луда поддршка од трибините на култниот „Велодром“.
Марсеј, кој беше европски шампион во 1993 година, е трет клуб во Франција по бројот на титули во националниот шампионат. Има девет, еден помалку од Сент Етјен и три помалку од Пари Сен Жермен.
Клубот минатата сезона беше осми и нема да игра во европските натпреварувања. Пред почетокот на сезонава за тренер беше назначен Италијанецот Роберто Де Ѕерби, а главна цел им е пласман во Лигата на шампионите, односно едно од првите три места.