Бразилскиот фудбалер Рејниер Жесус требаше да биде новиот „џек-пот“ за Реал Мадрид откако Кралскиот клуб одлично помина со доведувањето на Винисиус Јуниор и Родриго Гоес. За Жезус во јануари 2020 година беа платени 30 милиони евра, но за разлика од Винисиус и Родриго, кои беа вистински погодок, тој беше големо разочарување.
Откако не се снајде, Жезус почна да оди на позајмици во клубови како Борусија Дортмунд, Жирона и Фрозиноне, но никаде не се задржа предлого, а Реал за него издвојуваше 600.000 евра годишна плата.
Откако Карло Анчелоти најави дека Жезус и во новата сезона нема да биде во комбинација за тимот на Реал, јасно беше дека Бразилецот ќе мора да си замине. Најавите се дека Бразилецот ќе оди на позајмица во Англија, и тоа во тимот на Норвич во Чемпионшип. Договорот е Норвич да ја преземе обрската да го плаќа Бразилецот, што значи дека Реал Мадрид буквално ќе се ослободи од играчот кој не се снајде во шпанскиот првак.