Арсенал подготвува сензационален финиш на преодниот рок: Доаѓаат две големи имиња за повеќе од 100 милиони евра!?

Англискиот премиерлигаш Арсенал е пред реализација на еден голем трансфер. Најавите се дека Микел Мерино ќе го облече дресот на Топчиите. Мерино моментално е дел од тимот на Сосиедад, а се очекува шпанскиот репрезентативец да замине во Арсенал за траснфер вреден 35 милиони евра.

Мерино беше и еден од хероите на шпанската репрезентација на Европското првенство бидејќи тој беше стрелец на победничкиот гол во четвртфиналето против домаќинот Германија.

Освен Мерино, најавите се дека Арсенал планира да го доведе и голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. „Кориере дело спорт“ најавува дека Арсенал може да ги даде бараните 90 милиони евра за доведување на Осимен. Секако, освен доведувањето нови играчи, Топчиите до крајот на преодниот рок ќе се „ослободат“ од дел од непотребните играчи.

- Оглас -

Најнови вести