Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело во следните неколку дена ќе го напушти тимот на Манчестер сити. Кансело се најде на листата на отпишани играчи и треба да си замине од редовите на англискиот првак, а сега се знае и неговата следна дестинација.
Најавите се дека Кансело ќе направи трансфер во Ал-Хилал, тимот кој е шампион во Саудиска Арабија. Манчестер сити ќе ја прифати понудата на Ал-Хилал вредна 35 милиони евра, што е за 30 милиони помалку од тоа што Граѓаните го платија пред пет години, кога го купија од Јувентус.
Сепак, фактот дека Кансело е надвор од плановите на тренерот Пеп Гвардиола, Граѓаните решија дека е најдобро да го продадат и да заработат нешто од него отколку да го плаќаат и да не игра.
Кансело во Ал-Хилал само ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот кој доминира во Саудиска Арабија. Освен титулата во првенството, Ал -Хилал пред неколку дена го освои и пехарот во Суперкупот откако убедливо со 4:1 го победи Ал-Наср предводен од Кристијано Роналдо.