Скандалозна одлука на Шефилд вензди ќе брка навивачи кои нема да носат оригинални дресови

Англискиот фудбалски клуб Шефилд вензди, кој игра во второто ниво на англискиот фудбал, жестоко ќе се бори против употребата на фалсификувани реквизити од страна на своите навивачи.

Во официјалното соопштение објавено од клубот се вели дека сите поддржувачи кои користат неавтентични дресови, шалови и други навивачки предмети „ќе бидат поканети“ да го напуштат стадионот „Хилсборо“.

Венсди нагласи дека фалсификуваните предмети „директно влијаат на приходите на клубот“ и клубот ги советува сите свои поддржувачи да купуваат роба само од официјалната продавница на клубот.

Покрај тоа, персоналот во официјалната продавница на клубот добил инструкции да ги одбие барањата за додавање броеви или имиња на дресовите што не се купени од таму. Ова има цел да ги охрабри поддржувачите да инвестираат во оригинални клупски производи и со тоа да ја подобрат финансиската состојба на клубот.

- Оглас -

Најнови вести