Англискиот премиерлигаш Челзи веројатно е тимот со најзвучно име во плејофот за пласман во групите од Конференциската лига. Тимот на Енцо Мареска се мачеше едно полувреме на „Стемфорд бриџ“ против Сервет, но потоа го избегна срамот и победи со 2-0, со головите на Нкунку од пенал во 50-тата минута и на Нони Мадуеке во 76-тата минута.
Трабзонспор, тимот на Енис Барди, одигра реми без голови на гостувањето против Сент Гален во Швајцарија и реваншот ќе го игра пред своите гледачи, со реални шанси да обезбеди европска пролет. Барди беше стартер и играше до 73-тата минута.
Ленс го победи Панатинаикос со 2-1.