Јужна Америка: Играч на Бока јуниорс уште во деветтата секунда направи фаул за црвен картон (Видео)

Фудбалерот на Бока јуниорс, Перуанецот Луис Адвинкула, го доби еден од најбрзите црвени картони, а можеше да биде и рекордно брз ако судијата веднаш го исклучеше за стартот кој го направи уште во деветтата секунда од мечот со Крузеиро во дуел од осминафиналето на Копа Судамерикана.

Адвинкула тргна безглаво и направи фаул за кој заслужи да поцрвене, но фаулот го направи само по девет секунди игра, а судијата црвениот картон му го покажа во 28-мата секунда, па ова не е најбрзото исклучување во историјата на јужноамериканскиот фудбал.

Бока беше елиминирана, но дури по изведување на пенали, во регуларниот дел мечот заврши 2-1 за Крузеиро, кој така го надомести поразот од 0-1 на првиот дуел.

Погледнете го фаулот на Адвинкула:

 

- Оглас -

Најнови вести