Нови проблеми за Реал, Белингам е повреден и ќе паузира еден месец

Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид објави дека англискиот интернационалец Џуд Белингам е повреден. По извршените медицински прегледи, на Белингам му е утврдена повреда на мускулот на десната нога.

„По денешните прегледи од медицинскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот играч Џуд Белингам му беше дијагностицирана повреда на мускулот на десната нога. Неговата состојба ќе биде набљудувана и ќе се преземат мерки зависно од развојот на повредата“, соопштија од клубот.

Белингам ќе пропушти најмалку пет натпревари, четири дуела во Ла Лига, против Ваљадолид, Лас Палмас, Бетис и Реал Сосиедад, како и првиот натпревар на тимот во Лигата на шампионите.


Дополнително, 21-годишниот фудбалер нема да ѝ биде на располагање на Англија за натпреварите од Лигата на нациите во септември.

- Оглас -

Најнови вести