Со доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, се очекуваше Бразилецот Родриго да не биде претерано среќен во клубот, а се појавиле гласини дека испратил порака во која изразил желба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Меѓутоа, Карло Анчелоти ги демантираше овие тврдења.
„Разговарав со Родриго оваа недела и го прашав дали нешто се случило. Тој ми рече дека пораката не ја испратил тој и дека е многу среќен овде и ужива да игра за Реал Мадрид. Без грижи, со него нема никакви проблеми“, истакна Италијанецот.
Анчелоти и потврди дека преодниот рок за Реал е затворен и дека нема да бидат ангажирани нови фудбалери ова лето.
„Нема да ризикуваме. Имаме доволен фонд квалитетни фудбалери да се бориме за трофеите на сите фронтови“, посочи стратегот на Реал Мадрид.