Тото Волф случајно го откри наследникот на Луис Хамилтон

Шефот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф ја потврди веста која се чекаше долго време. Волф откри дека младиот Андреа Кими Антонели ќе се приклучи на тимот во 2025 година и ќе треба да биде еден од главните возачи. Антонели треба да дојде на местото на седумкратниот светски првак Луис Хамилтон.

„Двата возачи кои ќе бидат во нашиот тим во следната сезона ќе ја имаат нашата целосна поддршка. Сакаме ова да успее, заедно со Џорџ и Кими“, рече Волф, кој несвесно потврди дека Антонели ќе биде наследникот на Хамилтон и нов тимски колега на Џорџ Расел.

- Оглас -

Најнови вести