Најдобриот тенисер во светов во моментов според АТП листата, Јаник Синер, веќе неколку дена е во центарот на голем допинг скандал. Синер два пати бил позитивен на допинг тест во март оваа година, за време на турнирот во Синсинати.
Засега за него нема никаква суспензија и италијанскиот тенисер се подготовува за настап на последниот гренд слем турнир во сезоната, САД Опен, кој започнува в понеделник.
Поради допонг скандалот, Синер вчера реши да ги отпушти кондицискиот тренер Умберто Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди, со кои соработуваше две години. Токму Налди се споменува како главен виновник за допинг скандалот, бидејќи образложението е дека тој користел некоја маст што има недозволено средство.
Синер образложи зошто реши да стави крај на соработката со овие двајца.
„Сакам да кажам дека тие двајца беа многу важен дел во мојата кариера. Две години работевме заедно и беа неверојатни. Бевме добар тим, но сега поради овие грешки, не се чувствувам сигурно да продолжам да работам со нив. Моментално ми е потребен простор. Многу нешта ми се случија во последните неколку месеци. Сега ми е потребен свеж воздух“, беше реакцијата на Синер.
Според ждрепката на САД опен, Синер во првото коло треба да игра против домашниот тенисер мекензи Мекдоланд во ноќта меѓу вторник и среда.