Се сменија работите во Ф1, Ферстапен не е прв фаворит иако ќе вози пред домашна публика

Возбудувањата во Формула 1 шампионатот денеска и утре ќе продолжат на патеката за Големата нагата на Холандија. На оваа трка најголема поддршка ќе има актуелниот шампион Макс Ферстапен, кој и моментално е водечки во генералниот пласман со 277 бодови. Зад Ферстапен во генерален пласман се Ландо Норис со 199 бодови, Шарлс Леклер со 177, па Оскар Пјасти со 167.

Можеби делува изненадувачки, но Ферстапен не е прв фаворит за освојување на пол-пизицијата во денешните квалификации. Ландо Норис, ккој вози во одлична форма има квота од 2.75 да стигне со најдобро време во квалификациите, а за Ферстапен да биде најбрз, коефициентот е точно три. Со свои шанси се и Пјасти, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, на кои им се нудат едноцифрени квоти за освојување на пол-позицијата.

Освен прогнозата за тоа кој ќе ја освои пол-позицијата, има и комбинации за тоа да се погоди дали може еден возач да биде најбрз во квалификациите и потоа да триумфира на трката. Уште поголеми коефициенти се нудат за комбинациите да има најбрз во квалификации, најбрз на трката и остварување на најбрз круг на трката в недела.

 

- Оглас -

Најнови вести