Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, бара неговите играчи да покажат повеќе карактер, откако тимот тешко ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-3 како гостин во првото коло од новата сезона во Бундеслигата.
Баер Леверкузен освои три бода благодарение на голот на Флоријан Вирц длабоко во судиското надополнување. Беше досуден пенал, Вирц не го искористи, но беше присебен и одбиената топја ја смести во мрежата.
Алонсо изјави дека натпреварот бил многу интензивен и полн со емоции, но и дека тимот треба да биде поагресивен и подобро организиран во одредени фази. И покрај победата, тој призна дека тимот понекогаш бил пасивен и не успеал секогаш да ја задржи компактноста во играта.
„Ова беше доста интензивен прв натпревар од Бундеслигата за нас. Многу работи се случија во второто полувреме, беше полно со емоции до самиот крај. Се снајдовме добро во многу фази, но не секогаш бевме толку компактни, понекогаш бевме малку пасивни. Треба да се подобриме и да бидеме поагресивни“, изјави Алонсо.
„Тешко е да се објасни зошто секогаш даваме голови во последните моменти. Не го тренираме тоа и не можам да влијаам на тоа. Тоа е менталитетот на тимот,“ додаде тој.
Гранит Џака, кој го постигна првиот гол за Леверкузен, истакна дека тимот не треба да се предава и дека играта станала тешка поради сопствени грешки, додека Вирц изрази задоволство од победата и важниот гол што го постигнал на крајот за конечен триумф.