Екипата на Вардар 1961 е победник на третото издание на меѓународниот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој се играше во Охрид. Во финалето, Вардар го совлада Алкалоид со 25-23, и за нив ова е прва титула на овој турнир.
Вардар почна фантастично, поведе со убедливи 11-3, и тоа беше клучно, иако Алкалоид заигра многу подобро во вториот дел и се закани дека може да направи голем пресврт.
Хориха беше најефикасен со 7 голови, а Еспиња имаше 11 одбрани во победничкиот тим.
Кизиќ се истакна со 12 одбрани, а Костески со 7 гола беше најпрецизен кај Фармацевтите.