Магична ноќ во Љубљана: Јокиќ, Дончиќ, Богдан, Новицки, Бош, Неш, Скола, му се поклонија на Драгиќ (Фото)

Вечерва е „Ноќ на змејот“ во Љубљана, во арената „Стожице“ во главниот град на Словенија се игра прошталниот меч на кошаркарот Горан Драгиќ.

Таму се присутни многу големи имиња на светската кошарка како Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Дирк Новицки, Луис Скола, Робин Лопез, Бобан Марјановиќ, Дејан Бодирога, Стив Неш, Крис Бош, Никола Вучевиќ, и речиси сите Словенци со кои Драгиќ играл во репрезентацијата.

Драгиќ кој има 38 години, во НБА лигата играше од 2008 до 2023 година, а за свој најголем успех го смета освојувањето на европскта титула со репрезентацијата на Словенија на Евробаскетот во 2017 година.

Потегот на вечерта го имаше Никола Јокиќ кој сам си асистираше при едно жестоко забивање:

- Оглас -

Најнови вести