Француски фудбалер осуден на двегодишна условна затворска казна

Францускиот фудбалер од тимот на Рен, Матис Ламбур, е осуден на две години условна затворска казна.

Ламбур, кој има само 18 години, во јуни оваа година предизвикал несреќа со електричен скутер и на пешачки премин се судрил со 53-годишна жена која подоцна починала поради повредите.

Ламбур беше осуден за убиство од небрежност, а од јули беше под судски надзор.

- Оглас -

Најнови вести