Барселона продаде играч во Рен, а хрватски третолигаш ќе заработи над милион евра

Францускиот прволигаш Рен потврди дека во своите редови го доведе Микаел Фаје од Барселона. Каталонскиот гигант реши да го продаде 20-годишниот дефанзивец за 10,3 милиони евра со бонуси, а Барселона го задржува правото повторно да го откупи договороти тоа за 30 милиони евра по првата година, односно 35 милиони евра по втората година од договорот.

Интересно е дека од трансферот на Фаје во Рен, пари ќе заработи и хрватскиот третолигаш Кустошија. Тоа е тимот кој го доведе Сенегалецот во Европа, а потоа го продаде во Барселона за пет милиони евра.

Со тој договор, Кустошија има загарантиран дел од следниот трансфер на Фаје, па сега на сметката на третолигашот од Хрватска ќе „легнат“ најмалку 1,32 милиони евра. Оваа сума секако може да биде и поголема во зависност од евентуалните бонуси кои ќе следуваат.

- Оглас -

Најнови вести