Сега повторно се заедно: Сопругата на Синиша Михајловиќ со емотивна порака по смртта на Ериксон

Смртта на Свен-Јоран Ериксон го растажи фудбалскиот свет, многумина го сакаа и го почитуваа шведскиот стручњак, а во Лацио никогаш нема да заборават дека тој му ја донесе на тимот титулата во 2000 година и сите од тој тим се простуваат од Ериксон.

За жал, Синиша Михајловиќ, кој беше еден од главните играчи во тој тим, е покоен, а во негово име од Ериксон се прости неговата сопруга Аријана, која објави нивна заедничка фотографија со две срца.

Ериксон има голема заслуга за одличните игри на Михајловиќ во Лацио бидејќи му ја промени позицијата. Ериксон, кој беше и англиски селектор, го прашаа кого би одбрал, Бекам или Михајловиќ, а одговори: ќе мора да кажам Синиша.

Ериксон го тренираше Синиша и во Сампдорија, а по долго убедување, конечно го натера да игра како лев бек наместо како крило, што се покажа како полн погодок.

- Оглас -

Најнови вести