Барселона ќе победи на гостувањето во Мадрид, ефикасни натпревари ќе има во ЛШ (Фото)

Натпреварите од шпанската Ла Лига и квалификациите за Лигата на шампионите се дел од понудата со Квотите на денот за Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 41.9, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.50.

Екипата на Мајорка е во мала предност на домашен терен во дуелот против Севиља, па доколку не загуби во натпревар на којшто нема да бидат постигнати повеќе од два гола, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Голови се очекуваат на дуелот помеѓу Салцбург и Динамо Киев во квалификациите за Лигата на шампионите. Квотата од 1.90 ќе биде добитна само ако има помеѓу еден и три гола во првото и во второто полувреме.

Најголемата квота од Квотите на денот е за мечот помеѓу Спарта Прага и Малме, 2.50, а ќе биде добитна само ако има победник на натпреварот во Чешка, но и ако двете екипи бидат ефикасни и постигнат барем по еден гол.

Галатасарај е голем фаворит против Јанг бојс, па доколку успеат да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата од 2.05 ќе биде добитна.

Од екипата на Барселона се очекува да го продолжи максималниот ефект на гостувањето кај Рајо Ваљекано, па квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако Каталонците победат, но и ако има барем еден гол во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести