Арманд Дуплантис по десетти пат го сруши светскиот рекорд во скок со стап на митингот во Полска, каде што успеа да прескокне неверојатни 6,26, односно еден сантиметар повеќе од светскиот рекорд кој го постави на Олимписките игри во Париз.
Сепак, „Мондо“ овие рекорди одлично ги наплаќа, па така за рекордот во Полска заработи 50.000 долари, а за секој рекорд заработува помеѓу 30 и 100.000 долари, што е одлична сума за спорт како атлетиката.
За шведскиот атлетичар се вели дека „доаѓа, скока, ги воодушевува сите, па си го зема чекот“.