Новак Ѓоковиќ ги разочара навивачите, нема да игра на турнирот во Белград

Новак Ѓоковиќ со лесна и убедлива победа над Раду Албон ја започна одбраната на трофејот на Отвореното првенство на САД, но по завршувањето на мечот, на прес-конференцијата ги разочара навивачите во Србија, но и од околните земји. Србинот најави дека нема да настапи на турнирот во Белград.

„Мило ми е што го вративме турнирот во Белград. Оваа година ни се укажа шанса да ја земеме лиценцата на две години, но таа лиценца не е наша, туку на турнирот во Санкт Петербург. Поради ситуацијата во Русија, турнирот се селеше во Израел и Шпанија. Белград се покажа како град кој има тениска култура, имавме одлични турнири. Оваа година нема да играм на турнирот во Белград, но сакам да им посакам успех на организаторот и се надевам дека останатите српски тенисери ќе играат. Се надевам дека ќе има и звучни имиња, незгодно е со оглед на тоа дека е пред мастерсот во Торино“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести