Фудбалскиот клуб Брера Струмица објави соопштение по повод случувањата на стадионот во Струмица на дуелот со Шкендија.
„Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот некој да ја вмеша политиката таму каде што не и е местото, сакаме да ја информираме јавноста во име на вистината дека малата група симпатизери на ФК Шкендија, не повеќе од 25, не беа избркани од стадионот, ни од полицијата, ниту од ФК Брера Струмица како домаќин. Напротив, навивачите по нивна одлука сами го напуштија стадионот.
Напоменуваме дека ФК Брера Струмица секогаш е пример за одличен домаќин на сите екипи и навивачки групи без разлика на етничка припадност. Политиката нема место на спортските терени, а тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот“, порачаа од Брера.