Официјално: Руи Патрисио ќе брани за Аталанта!

Аталанта објави дека сезонава нивниот гол ќе го чува португалскиот 36-годишен голман Руи Патрисио.

Во текот на својата долга и престижна кариера, Руи Патрисио одигра над 700 натпревари за своите клубови Спортинг Лисабон, Вулверхемптон и Рома, а има и над 100 меча за португалската репрезентација со која го освои Европското првенство 2016 година и Лигата на нации во 2018/19.

Летово тој беше резерва на ЕВРО 2024 во португалскиот тим, вториот дел од минатата сезона беше резерва и во Рома, но Аталанта има доверба во него и кај Божицата ќе биде прв избор, бидејќи Хуан Мусо кој бранеше на европскиот Суперкуп против Реал Мадрид и во првото коло на Серија А, замина во Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести