Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе добие уште тројца фудбалери во својот состав. Нови членови на Фенербахче ќе станат Кристијан Медина, Арчи Браун и Софијан Амрабат.
Фенербахче во наредните денови дополнително ќе ги засили своите редови. Во Истанбул доаѓаат тројца играчи, двајца фудбалери од средниот ред и еден лев бек.
По заминувањето на Ферди Кадиоглу во англискиот премиерлигаш Брајтон, позицијата на лев бек остана испразнета. На Фенербахче му е понуден 22-годишниот Англичанец Арчи Браун, кој наскоро треба да пристигне во Истанбул. Станува збор за фудбалер кој моментно игра за белгискиот Гент, а за неговите услуги Фенербахче ќе исплати осум милиони евра.
Средниот ред на турскиот гигант ќе биде засилен со Аргентинецот од Бока Хуниорс, Кристијан Медина, и добро познатиот Мароканец Софијан Амрабат.
Медина веќе неколку недели преговара со Фенербахче, и работите конечно се завршени. 22-годишниот Аргентинец наскоро треба да потпише договор. За него, Фенербахче ќе плати околу 10 милиони евра на аргентинскиот клуб.
И на крај, во истанбулскиот клуб пристигнува и Софијан Амрабат. 28-годишникот ќе дојде на едногодишна позајмица од Фиорентина вредна еден милион евра со можност за откуп на договорот. Ова ќе биде втора последовна позајмица за Амрабат, откако минатата сезона ја помина во Манчестер јунајтед.
Жозе Мурињо така значително ќе го засили тимот во финишот на преодниот рок, добивајќи ги играчите кои ги посакуваше во својот тим, и сега сите очи ќе бидат вперени кон него во обидот за освојување на шампионската титула во Турција.