Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, изјави дека дербито од холандското првенство помеѓу Феенорд и Ајакс, кое требаше да се одигра в недела, е одложено поради штрајк на полицијата.
Тој објасни дека без ангажманот на полицијата не може да се гарантира безбедноста на играчите и на навивачите, па затоа побара за разбирање.
Новиот датум за одигрување на натпреварот сè уште не е одреден.