Меси нема да „пипне“ топка во првите неколку минути

Барселона во средата го совлада Реал во Мадрид со 3-0, а иако сите знаат дека Лионел Меси не даде гол, речиси никој не забележа дека во првите неколку минути од мечот, Аргентинецот немаше контакт со топката. Тој само трчкаше по теренот, навидум незаинтересиран за случувањата.

Но, вистината е дека Меси намерно го прави тоа, и првите минути ги користи за да ја „сними“ противничката екипа, да го види распоредот, како се движат, и да ги бара слабостите, кои потоа кога ќе почне да игра со топката, ќе ги искористи. Дури и тренерот Ернесто Валверде бил изненаден.

„Дури кога дојдов во Барселона, сфатив дека Меси во првите минути нема контакт со топката и не бара од соиграчите да му ја додадат топката. Се разбира, тоа не е случај на секој меч, некогаш топката едноставно доаѓа до него и тој мора да игра, но во најголем број случаи, тој само оди околу дефанзивците на ривалот и им бара слабости. Мене тоа ми е фасцинантно“ – вели Валверде.

И вечерва каталонците најмногу очекуваа од Меси, иако Барса и без неговите голови, извојува убедливи победи во два од последните три меѓусебни дуели.

- Оглас -

Најнови вести