Дани Олмо во дебито донесе победа за Барселона (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо имаше фантастично деби за Барселона, откако во последен момент беше регистриран и доби право на настап на вечерашниот меч со Рајо Ваљекано. Тој го постигна победничкиот гол за каталонскиот гигант за триумф од 1-2 на гости во Мадрид.

Дани Олмо доби асистенција од Ламин Јамал и успеа да погоди во спротивниот агол во 82.минута.

Педри успеа да израмни во 60.минута, откако Унаи Лопез во деветтата минута донесе предност за домаќинот.

- Оглас -

Најнови вести