Бразилскиот напаѓач Матеус Салдања вечерва на гостувањето кај Гент во Белгија од плејофот за влез во Конференциската лига, би можел да последен пат да го носи дресот на белградски Партизан.
Интерес за Салдања има од бундеслигашот Хофенхајм. Германците се подготвени на Партизан да му платат 6 милиони евра. Преодниот рок во Германија трае до 30-ти август, па остануваат само два дена да се затвори зделката.