Македонскиот прволигаш Шкендија остана без еден од најдобрите фудбалери, откако денеска спогодбено го раскина договорот со Ендрит Красниќи. На барање на фудбалер, поради семејни причини, раководството на клубот се сложи да ја прекине соработката со Красниќи.
„Шкендија информира дека е постигнат взаемен договор за разделба со играчот од средниот ред, Ендрит Красниќи, по негово барање за предвремено раскинување на договорот поради семејни причини.
Во овие моменти, ФК Шкендија покажа разбирање и чувствителност, секогаш ставајќи ја добросостојбата на играчот на прво место. Одлуката да му се понуди на Ендрит потребната поддршка и слободата да биде блиску до своето семејство е доказ за високите вредности, не само спортски, кои ги претставува нашиот клуб.
Му благодариме на Ендрит за неговата посветеност и придонес за време на неговиот престој во Шкендија. Красниќи беше важен дел од нашиот тим, и му посакуваме сè најдобро во иднина, надевајќи се дека нашите патишта повторно ќе се вкрстат во иднина.
ФК Шкендија останува посветена на целите за оваа сезона и ќе продолжи да работи за постигнување успех“, се вели во соопштението на клубот од Тетово.