Тиквеш се засили со македонски репрезентативец

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш доведе големо засилување пред крајот на летниот преоден рок. Нов член на тимот од Кавадарци е повремениот македонски репрезентативец, голманот Ристе Јанков.

Јанков се договори со раководството на Тиквеш за соработка за тековната сезона, а денеска ја имаше и промоцијата во новиот тим.

Ристе Јанков минатата сезона бранеше за Брегалница, а претходно беше член на Поли Јаши (Романија), Каспиј (Казахстан), како и долгогодишен член на Работнички.

- Оглас -

Најнови вести