Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез помина најлошо и доби суспензија од пет натпревари поради големиот инцидент што се случи по завршувањето на полуфиналето на Копа Америка кога дел од уругвајските фудбалери се качија на трибината и влегоа во физичка пресметка со колумбиски навивачи.
Уругвајците сакаа да си ги заштитат најблиските, дел од семејствата им беа сместени на тој дел од трибините, но КОНМЕБОЛ сепак немаше милост и изрече сериозни казни за престапот.
Дарвин Нуњез е санкциониран со пет меча суспензија за наредните настапи на националниот тим, Родриго Бентанкур ќе мора да паузира на четири меча, а со три натпревари неиграње се казнети Оливера, Араухо, Касерес и Хименез.
Фудбалската федерација на Уругвај ќе мора да плати и парична казна од 97.000 долари за недостојното однесувањето на фудбалските репрезентативци.