Фудбалерите на Партизан и на шесттиот натпревар на европска сцена ова лето не успеаја да забележат победа и засилужено се елиминирани од плеј-офот за пласман во групната фаза на Конференциската лига. „Црно-белите“ од Белград двапати загубија од Динамо Киев во Лигата на шампионите, па на продолженија испаднаа и од Лугано во Лигата на Европа, а сега со два порази се елиминирани од Гент и од Конференциската лига.
Реваншот во Белгија заврши со идентични 1-0 за Гент, како и во Белград, иако Партизан се обидуваше да го загрози противничкиот гол, но не успеваше во тоа. Така Гент есенва ќе биде дел од групната фаза од Конференциската лига, а пласман таму обезбеди и екипата на Истанбул Башакшехир, откако на домашен терен го совлада ирски Ст. Патрикс со 2-0.
Останатите натпревари од плеј-офот на Конференциската лига се играат утре.