Ова се 36-те величествени кои ќе играат во новиот формат на ЛШ (Фото)

Квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите и официјално завршија и сега се познати сите 36 екипи кои ќе играат во новиот формат. Екипите се поделени во четири квалитативни шешири со по девет екипи, а секоја од екипите ќе одигра по осум натпревари против два противници од сите шешири.

Првиот шешир го сочинуваат Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Барселона. Во вториот се Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Бриж, Шахтер Доњецк и Милан.

Третиот шешир го сочинуваат Феенорд, Спортинг Лисабон, ПСВ, Динамо Загреб, Салцбург, Лил, Црвена ѕвезда, Јанг бојс и Селтик. Во четвртиот шешир се Слован Братислава, Монако, Спарта Прага, Астон вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм Грац и Брест.

https://twitter.com/FootRankings/status/1828899652110037205?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1828899652110037205%7Ctwgr%5E0c0e70204b6316332051da550f73c5e838bb8ac3%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Ffudbal%2Fsrbija%2Fcrvena-zvezda%2Fpoznato-u-kom-sesiru-ce-biti-crvena-zvezda-na-zrebu-za-ligu-sampiona%2F2024082815043955894

Двојките за новата сезона ќе бидат познати утре во 18 часот, откако ждрепката ќе се изврши компјутерски.

- Оглас -

Најнови вести