Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за стартот на новото издание во Лигата на нациите. Македонскиот национален тим на 7 септември ќе гостува против Фарски Острови, а потоа игра на домашен терен со Ерменија.
Милевски очекува позитивен старт на новиот циклус, а ново име во составот е крилниот напаѓач на Данди јунајтед, Кристијан Трапановски.
„Нѐ очекува нов циклус од Лигата на нациите, се надевам дека сите повикани фудбалери ќе бидат здрави и подготвени за настап и со еден позитивен дух да стартуваме против Фарски Острови и против Ерменија. Имаме квалитет, но исто така треба да го респектираме и секој противник. Жал ми е што Дарко Велковски е без клуб, Дени Илиев е повреден, а Кристијан Трапановски е ново име во селекцијата“, изјави селекторот Благоја Милевски.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 26-мина фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Дарко ВЕЛКОВСКИ
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди јунајтед (Шкотска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Жирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемијанс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди јунајтед, Шкотска)