Kристијано Роналдо беше еден од главните протагонисти на ждрепката за новата Лига на шампиони. Напаѓачот на Ал-Наср доби специјална награда од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, како признание за неговиот значаен придонес за натпреварувањето.
Поранешниот напаѓач на Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус постигна рекордни 140 голови во ЛШ на 183 настапи.
Роналдо ја остави вратата отворена за еден ден да се врати во натпреварувањето.
„Имам пет титули и постигнав многу голови. Имам одлични спомени. Никогаш не знаеш, можеби ќе се вратам, ќе видиме што ќе се случи во иднина“, рече Португалецот.
„Беше многу посебна мојата прва титула која ја освоив со Манчестер јунајтед, иако го утнав пеналот. Со Реал Мадрид освоив четири трофеи. Во 2014 година, пред толку многу португалски навивачи во Лисабон, ја освоив ЛШ, имавме голем притисок да победиме, во тој период бев и најскапиот играч на светот“, одговори Роналдо на прашањето која европска титула може да ја издвои како омилена.