Олимпија од Љубљана ќе биде учесник во групната фаза на Конференциската лига, бидејќи води со 5-0 против Ријека, а мечот на кој треба да се игра уште половина час, е во прекин, бидејќи навивачите на хрватскиот тим не можеа да се помират со тоа што го гледаа и почнаа да фрлаат факели на терен и на трибините со домашни навивачи.
Судијата ги испрати двата тима во соблекувална, а полицијата ја празни трибината на која е Армадата од Ријека.
Ова може да биде историска вечер за словенечкиот фудбал. Ако по стапките на Олимпија тргнат и Марибор и Целје, Словенија за првпат во својата историја, во една сезона ќе има дури три тима во групна фаза во европските купови.
https://twitter.com/i/status/1829225390826504524