Арапите со најголем награден фонд во историјата на тенисот го убедуваат Ѓоковиќ да игра во Ријад

Од 15 до 19 октомври во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ќе се одржува турнир на шесте најдобри тенисери, а наградниот фонд ќе биде најголем во историјата на тенисот. Планот на организаторот е да учествуваат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкарас, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Србинот по Отвореното првенство на САД објави дека ќе игра само на турнирот во Шангај, а нема да настапи во Пекинг и во Белград, но се чини дека големите награди во Ријад го убедија да игра во Саудиска Арабија. Секој тенисер ќе добие по 1,5 милиони евра само за учество, а победникот ќе добие шест милиони евра. Колку за споредба, победникот на Отвореното првенство на САД ќе добие 3,6 милиони евра.

Наградниот фонд на турнирот на големата шестка е убедливо најголемиот во историјата на тенисот.

- Оглас -

Најнови вести